Американскиот кошаркар Најџел Вилијамс-Гос е новиот плејмејкер на Партизан, потврдија денес од таборот на „црно-белите“.
Вилијамс-Гос, кој исто така се спомнуваше како потенцијално засилување на Црвена ѕвезда, потпиша двегодишен договор со Партизан.
Тој беше избрано оваа година како 55. Пик од Јута на НБА драфтот, откако имаше просек од 16,8 поени, шест скока и 4,7 асистенции во изминатата сезона и го предводеше Гонзага во финалето на НЦАА лигата.
Партизан на крајот на септември ќе гостува во Скопје и ќе биде првиот противник на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона од регионалната АБА лига.