(ВИДЕО) Колариќ: Сметките за струја нема да се намалат, со либерализацијата на пазарот ќе има поскапување за најмалку 20 отсто

Од:

Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека владата на СДСМ во наредната година наместо да ја намали, ќе ја зголемеле цената на струјата.

– Со либерализација на пазарот на електрична енергија која ја најавува неспособната влада на Заев, сметките на граѓаните за електрична енергија нема да се намалат туку напротив ќе се зголемат, за најмалку 20%. Ова е уште еден од низа удари на Социјалдемократскиот сојуз, кој најмногу на своја кожа ќе го почувствуваат граѓаните. Од ова сепак најголем корист ќе имаат лоби групите блиски на СДС кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електрична енергија. На Социјалдемократскиот сојуз лагите им се со краток рок, рече Колариќ.

Таа додаде дека од септември сметките за електрична енергија нема воопшто да се намалат, па тие кои трошат помалку ќе платат помалку, а тие кои трошат повеќе ќе платат повеќе. Како што кажа Колариќ, најавеното намалување на цената на електричната енергија од страна на СДСМ реално го нема.

– Овој популистички потег на Зоран Заев, единствено служи за да ги манипулира граѓаните за да може да добие некој глас повеќе на претстојните локални избори. Потврда за оваа лага на Заев се и реакциите кои секојдневно пристигнаат од ЕВН, кои потврдија дека не се подготвени да стартуваат со реализација на мерката која на крај повторно ќе ја платат цената граѓаните. Според мерката на Заев, ЕВН ќе подлежи на трошок за прилагодување на над 800.000 броила на регулираниот пазар на електрична енергија, кој трошок подоцна ќе биде прикажан пред Регулаторната комисија како трошок, а при следното одредување на цената на струјата истата ќе биде зголемена поради овој факт, а граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја, рече Колариќ.

Таа рече дека граѓаните го прочитале Заев и дека се свесни дека со неговата влада наместо со подебел паричник ќе останат со празни џебови.

– Социјалдемократскиот сојуз да се грижеше за народот немаше да исцеди 334 милиони евра од буџетот за неполни три месеци и истите да ги потроши на ветер и магла. За ваквиот однос, поради ваквото несовесно и неодговорно работење, Социјалдемократскиот сојуз ќе биде казнет на 15-ти октомври од граѓаните на Република Македонија, заврши Колариќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ