ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение реакција на реакцијата на СДСМ во врска со прес-конференцијата на Марија Андоновска.
„На Заев, Таравари и Јовановска им починаа 4 новороденчиња во еден ден.
Скандалот не може да се покрие и заташка со партиски соопштенија.
Одговорност за ова мора да има и ќе има!
Нема никого да замолкнете!
Заев, Таравари и Јовановска ќе одговараат пред судот на народот, на 15-ти октомври народот ќе им пресуди за невидениот хаос што го создадоа во здравството“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.