Ограбена 75-годишна кичевчанка, украле пари, злато и накит со вредност од 30 илјади евра

Од:

Вчера околу 10 часот во село Мамудовци, кичевско, две непознати макирани лица извршиле разбојништво во куќа во сопственост на Р.А. (75).

Крадците одзеле 63 златни пари (даблони), 360 швајцарски франци и друг разновиден златен накин, со вкупна вредност од околу 30 илјади евра.

Тие влегле во куќата и со спреј-солзавец ја испрскале Р.А. по очите, а потоа физички ја нападнале. Откако ги пронашле и одзеле парите и останатите предмети го напуштиле местото на настанот.

На Р.А. ѝ била укажана лекарска помош во медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полицијата.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух