Полицијата во американскиот град Хјустон објави дека една жена починала во поплава, како последица на ураганот Харви во државата Тексас.
Еден маж почина во пожар во неговиот дом во Рокпорт, за време на невремето.
На околу 30 лица им била потребна медицинска помош, а 30 до 40 се исчезнати, јави ДПА.
Харви стигна до брегот на Тексас како ураган од четвртата категорија, но потоа ослабна до ниво на тропска бура. Сепак, штетата што ја предизвика во крајбрежните градови е значителна, а се очекуваат и нови поројни дождови.