Десетици илјади Шпанци, но и странци, денеска во Барселона ќе одржат марш против теророт, по минатонеделните терористички напади кои беа извршени во Шпанија.
Шпанскиот премиер Мариано Рахој ги повика Шпанците преку марш да ја покажат целата своја „љубов“ и солидарност со Каталонија, каде беа изведени нападите.
Во терористичкиот напад во Барселона загинаа 15 лица.