Ирачките сили кои настојуваат да ги протераат припадниците на екстремистичката група Исламска држава од Тел Афар, соопштија денеска дека повторно го освоиле центарот на градот што се наоѓа во северниот дел на Ирак.
– Единицата на Службата за борба со тероризмот ја ослободи цитаделата и округот Басатин, при што подигна ирачко знаме на врвот на тврдината, стои во соопштението на командантот на офанзивата, генералот Абдулами Јарал.
Ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафери наведе дека со офанзивата, всушност се ослободени 70 проценти од градот.
– Ако тоа е волјата на Бог, наскоро ќе биде ослободен и останатиот дел на градот, нагласи Ал Џафери.