Школа за црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпаски“ по четврти пат во Стојмирово

Од:

Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во с.Смојмирово, Беровско, од 26 до 28 август по четврти пат ќе биде одржана Школата за црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпаски“.

Во чест на преродбенското дело на овој црковно – музички деец и неговите следбеници, обновената Школа за црковно пеење од византиската традиција во Смојмирово, која го носи името на нејзиниот втемелувач – Андон Шахпаски, со своите активности го реафирмира црковното пеење од византиската традиција во Македонија.

Свеченото отворање е утревечер во 18.00 часот во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово, со настап на камерниот хор „Херувими“, кој ќе изведе црковно – музички творби од византиската традиција од македонски автори.

За дејноста, пак, на црковно – музичките дејци Андон и Аралампие Шахпаски, ќе говорат проф. д-р Јане Коџабашија и д-р Мирјана Павловска Шулајковска.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово