Најмалку осум лица се исчезнати во лизгање на земјиште во Швајцарија

Од:

Најмалку осум лица се водат ако исчезнати по лизгање на земјиште во регионот Вал Бондаска, во Швајцарија, соопштија швајцарските власти.

Во соопштението се вели дека била спроведена итна евакуација на населението во неколку села од оваа област, во југоисточниот дел на земјата, што се погодени од свлечиштето или се загрозени од придвижување на теренот.

Истовремено е покрената голема операција за откривање и за спасување на лицата кои сега се сметаат за исчезнати.

Во операцијата се вклучени специјални спасувачки екипи и хеликоптери.

Претставник на кантоналната полиција на локалните медиуми им соопшти дека меѓу исчезнатите има државјани на Швајцарија, Германија и Австрија.

Швајцарските медиуми објавуваат фотографии од местото на свлечиштето на кои се гледа глемо количество земја и наноси како се „истуриле“ врз патиштата и целата околина , загрзозувајќи ги селата и малите населени места.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ