Идентификувано лицето што ја нападна екипата од „Нова ТВ“

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е познат идентитетот на лицето кое вчера нападна новинари од „Нова ТВ“ во трговскиот центар Бисер во општина Аеродром.

Станува збор за 38-годишниот А.Б. кој најпрво го нападнал новинарот со насилно однесување, туркање на телефонот со кој снимал и влечење и виткање на раката, а потоа и снимателот со удар во камерата со која снимал. Новинарската екипа била на службена задача, односно покривала настан за граѓанската иницијатива за собирање потписи против изградба на бегалски кампови.

– По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, а во врска со основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, се наведува во соопштението.

МВР нагласува дека е одлучно во намерата да ја прекине практиката на неказнето напаѓање и попречување на новинари во извршувањето на нивните работни задачи.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он