Пред два дена Месечината целосно го покри сончевиот диск над тихоокеанското крајбрежје на Соединетите Американски Држави, и таа појава, која е прва по речиси 100 години, беше проследена од луѓе во 13 сојузни држави.
Мал број луѓе, сепак, успеаја да го видат сето тоа на поинаков начин – а тоа се астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Џек Фишер, кој е дел од тимот на МВС, на Твитер објави снимки од таа величествена глетка.
– Се надевам, сите успеавте да го видите сончевото затемнување. Не ми се верува дека ја видов онаа огромна сенка како минува низ САД, гласи придружниот коментар до видеото.