Девет сообраќајки во Скопје, четворица полесно повредени

Од:

Девет сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје. Од нив, во две сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во останатите седум сообраќајки причинета е материјална штета.

Од страна на полицијата откриени се поголем број прекршоци, односно четири возачи возеле без возачка дозвола или нерегистрирани возила, 10 возачи не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен телефон, а шест возачи не се придржувале кон ограничувањата и забраните од сообраќајните знаци. Во текот на изминатиот ден откриени се и 20 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило отстранети се 50 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитната проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Срничка“ објект „Лале“ во општина Аеродром. Работилниците ќе бидат организирани за децата од средна и голема група.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он