Вучиќ утре ќе разговара со македонската амбасадорка во Белград

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе ја прими македонската амбасадорка во Белград Вера Јовановска Типко.

Средбата ќе се одржи во 11 часот, пренесува Танјуг.

Претседателот на македонската Влада Зоран Заев и српскиот претседател Вучиќ денеска телефонски разговараа по повлекувањето на српскиот персонал од Амбасадата во Скопје.

Македонија и Србија ќе работат на зачувување и унапредување на билатералните односи, а секое евентуално несогласување во меѓусебните односи ќе го решаваат исклучиво со дијалог, договориле Заев и Вучиќ во денешниот телефонски разговор за новонастанатата состојба во односите меѓу Скопје и Белград.

Како што се наведува во заедничкото соопштение, тие се согласиле дека Република Македонија и Република Србија, без оглед на сите политички разлики за одредени важни политички регионални прашања, заеднички ќе се борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските односи меѓу македонскиот и српскиот народ и граѓаните на двете земји.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарскиот МОЛ ќе ги зголеми испораките за Србија по санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Вашингтон воведе санкции за Нафтената индустрија на Србија, резерви има, но не на долг рок

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Србија е под снег: Делови од земјата затрупани, патиштата се блокирани

Горан Наумовски

Путин: Некои европски центри на моќ се обидуваат да организираат шарена револуција во Србија

ВИДЕО: Дојави за бомби во училишта и градинки низ цела Србија

ВИДЕО: Студент од Србија меѓу „киднапираните“ од израелските власти при упадот на хуманитарните бродови