Пет лица затруени со храна во Гостилница ДМ во Скопје

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил известен за појава на 5 случаи со акутно труење со храна во Гостилницата ДМ во Скопје.

Од инспекторатот денеска извршиле вондреден инспекциски надзор во гостилницата, заедно со екипа на ЦЈЗ Скопје и со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарсво при што било констатирано незадоволително одржувана општа хигиенска состојба во објектот и веднаш била извршена превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација согласно закон.

Во објектот се употребувале наменски средства за дезинфекција за простор и опремеа, сите вработени имало извршено задолжителен здравствено-хигиенски преглед согласно закон и правилник и вработените во кујна користеле заштитна орема при работа.

Објектот бил времено затворен со записник и поставена лента на видно место со датум, печат и потпис, а наложени биле следните санитарно-хигиенски и против-епидемиски мерки:
– Варосување на објектот;
– Генерално механичко чистење на објектот;
– Вонредна дезинфекција на објектот од овластена здравствена установа;
– Вонредни здравствено хигиенски прегледи на сите вработени лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он