Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис денеска се сретна со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади за време на неговата ненајавена посета на Багдад, пренесе ДПА.
Матис ја потврди поддршката на САД за Ирак во неговата борба со тероризмот, се наведува во изјавата на канцеларијата на Абади.
Двајцата ги разгледале начините за подобрување на билатералната соработка во воената обука и вооружувањето.
Матис подвлекол дека САД го поддржуваат единството на Ирак.
Се очекува првиот човек на Пентагон во Ирак да се сретне и со Масуд Барзани, лидерот на автономниот курдски регион, каде на 25 септември ќе се оддржи референдум за независност.
Абади е против референдумот и води преговори со различни политички кампуси, вклучувајќи ги и Курдите, за зачувување на целоста на Ирак.
Матис вчера беше во Јордан, а по Ирак ќе ги посети и Турција и Украина.