Средба на Заев со делегација на Европската зелена партија: Промените во Македонија се видливи

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација од Европската зелена партија, предводена од Рајнхард Бутикофер, пратеник во Европскиот Парламент и ко-претседател, придружувани од претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

Промените во Република Македонија се видливи и разбудија надеж кај граѓаните и кај ЕУ дека е можен демократски и евро-атлантски развој и подобар живот во државата, е оценката што ја пренесоа претставниците на Европската зелена партија, кои изразија силна поддршка на реформските процеси што ги започна новата Влада.

„Владата работи сериозно на реформската агенда, утврдена со рокови во Планот 3-6-9, што треба да придонесе во квалитетот на живот на граѓаните и ги отвора евро-атлантските перспективи. Свесни сме дека стратешка цел за Македонија се ЕУ и НАТО и Владата е силно фокусирана да бидат направен исчекори и кон НАТО и кон ЕУ интеграциите“, рече премиерот Заев.

Голем дел од состанокот беше посветен на мерките за заштита на животната средина во Република Македонија и за надминување на постоечките проблеми, како што се големото загадување на воздухот во повеќе градови низ државава, или доделени сомнителни концесии за рудна експлоатација во реони со квалитетно земјоделско земјиште за прехрамбени производи, што треба да подлежат на ревизија.
Здравата живонта средина е меѓу европските приоритети и Европската зелена партија е подготвена да и помогне на Владата со експертизи за надминување на овие состојби во Македонија, пренесе пратеникот и ко-претседател Бутикофер. Претставниците на ЕЗП констатираа дека Република Македонија изобилува со природни богатства што овозможуваат еколошки развој, но отвораат и можности за сериозен развој на туризмот во државата.

– Здравјето на граѓаните е императив за Владата и се што преземаме е во насока на здрава економија, како и примена на еколошките потенцијали во енергетиката, рече премиерот Заев, кој за пример ги посочи чекорите што ги презема Владата за употреба на природните ресурси сонцето, водата, проектот за гасификација на целата територија на Македонија.

На средбата се разговараше и за политичката ситуација во државата, подготовките за кредибилни и регуларни локални избори во октомври, како и политиките на Владата за развој на добрососедските односи и на регионалните евро-атлантски цели.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада