Вељаноски жали за отстранувањето на новинарите, ќе побара да се утврди одговорноста

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска изрази жалење што новинарите беа отстранети од собраниската галерија пред почетокот на седницата на 24 декември, посочувајќи дека одлуката за тоа ја донело надлежното собраниско обезбедување за да не дојде до поголем инцидент. Ќе побара да се поведе постапка од надлежните институции за да се утврди одговорноста за настанот.

– Тоа што особено сакам да го истакнам е фактот дека Собранието на Република Македонија како институција секогаш било максимално транспарентно, а јас лично, како претседател секогаш сум се заземал и ќе се заземам за отворен и пред се професионален однос кон новинарите и медиумите. Имајќи во предвид дека беше најавено дека опозицијата нема да дозволи буџетот да се донесе и беа најавени протести и инциденти, врз основа на Законот на Собранието член 43 побарав од собраниското обезбедување да обезбеди редовен тек на седницата. Сакам да потсетам дека потребните мерки ги планираат и преземаат припадниците на собраниското обезбедување. Да потсетам дека на почетокот новинарите без никакви забрани беа присутни на галеријата од пленарната сала. Откако се случи првиот инцидент, кога и јас како претседател на Собрание бев нападнат, кога беше уништена и техниката, а обезбедувањето мораше да ме извлекува од пленарната сала, надлежното собраниско обезбедување имајќи во предвид дека галеријата е во суштина дел од пленарната сала донело оценка дека галеријата мора да биде празна за да не се случи некој поголем инцидент, се наведува во пишаната изјава на претседателот на Собранието.

За оваа оценка, додава Вељаноски, кога станува збор за присутноста на новинарите, како претседател изразувам жалење.

– Ќе побарам да се поведе постапка од надлежните институции да се утврди одговорноста за настанот, при што сакам уште еднаш да апелирам дека и понатаму ќе се заземам за максимална отвореност и транспарентност на Собранието. Во истовреме очекувам да ги продолжиме високоразвиените односи со новинарите и медиумите ценејќи го нивниот професионал однос и секако нивната одговорна улога во општеството, истакнува претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Собраниската комисија за социјална политика останува блокирана, седницата треба да продолжи по паузата

Власта се обидува да ја одблокира Комисијата за социјална политика за да ги истурка измените на Законот за пензиско осигурување

Пратеничката на „Влен“, Имрлије Сали-Фетаи ќе претседава денеска со Комисијата за социјална политика

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми, а претходно и на Дамева

Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет

Собраниска седница и заседание на седум комисии

Катерина Ѓуровски