„Савана“: Автобусот е релативно нов и ги исполнуваше сите стандарди

Од:

Автобусот кој синоќа изгуби контрола и излета од коловозот на автопатот Велес – Скопје е релативно нов и ги исполнува сите стандарди, информираат од туристичката агенција „Савана“, орагнизатор на летувањето на патниците кои се враќаа од Грција.

Комерцијалниот директор во „Савана“, Мирче Пешевски за МИА изјави дека автобусот е увезен пред околу три месеци и оти според моделот се работи за релативно ново возило.

Пешевски вели дека со превозникот „Бус травел“ соработуваат повеќе години и оти договорот со него не отстапува во ништо од останатите договори склучени со други превозници.

Тој изрази жалење за сообраќајната несреќа и нагласи дека како агенција им стојат на располагање на патниците. Според информациите со кои располага агенцијата, од тројцата патници згрижени во Велешката болница, двајца веќе се пуштени на домашно лекување, а за третиот во секој момент се чека да бидат завршени процедурите.

Посочи дека сите патници биле осигурани од самиот превозник и апелираше да се обратат до „Савана“ каде ќе им бидат дадени контакт телефони од осигурителната компанија за да може да ги остварат своите права согласно законот.

Во однос на личниот багаж на патниците од автобусот, Пешевски информира дека согласно процедурата за сите предмети од автобусот направен е попис и тие се пренесени во Полициската станица во Велес.

Во сообраќајната несреќа загина 68-годишна жена, а 27 патници беа повредени.

Основното јавно обвинителство во Велес денеска соопшти дека работи на утврдување на причините за несреќата. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа, а започнато е и прибирање на трагите пронајдени на лице место. Оттаму посочуваат дека се врши и вонреден трехнички преглед на возилото.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Двајца загинати, тешко повредено дете во три сообраќајки во 24 часа

Жената не внимавала на пешаците, прегазениот човек се движел по коловозот наместо по тротоарот, соопшти Обвинителство

Приведена 40-годишна скопјанка која смртно прегази пешак во Волково