Кривична пријава против кичевчанец за производство и продажба на дрога

Од:

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Р.В.(40) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

Вчера, при извршен претрес во неговиот дом, криминалистичката полиција од Кичево пронајде и одзеде растителна материја со зеленкаста боја, најверојатно наркотична дрога марихуана, со маса од околу еден килограм, бела прашкаста материја, најверојатно наркотична дрога кокаин, со маса од околу 20 грама и три куршуми од различен калибар. Полициските инспектори пронајдоа и одзедоа и други предмети и прибор за користење на наркотични дроги.

Пријавениот Р.В., неовластено ги набавил и ги држел во својот дом со цел натамошна препродажба на наркозависници од Кичево. Одземените предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски