ВИДЕО: Владата во вторник ќе поднесе предлог за нов јавен обвинител

Од:

Во вторник, Владата ќе поднесе барање до Собранието да распише оглас за нов јавен обвинител, кој ќе застане на местото на Зврлевски. По распишувањето на огласот, следите 15 дена ќе може да се кандидираат сите кои ги исполнуваат условите.

Потоа Советот на јавните обвинители на барање на Владата во рок од 15 дена доставува образложено мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите.

Доколку Советот од оправдани причини во определениот рок не достави мислења до Владата, рокот се продолжува уште 15 дена. Ако и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

“Изборот на новиот јавен обвинител ќе биде според потребите на граѓаните. Тој ќе го почитува законот и Уставот на Република Македонија. Владата на наредната седница ќе постави предлог заклучок, за избор на јавниот обвинител. Собранието ќе треба да објави оглас во Службен весник, а пак Советот на јавни обвинители ќе треба да даде свое мислење, со што ќе донесе одлука за еден од кандидатите. Процедурата продолжува повторно во Собрание, каде пратениците со просто мнозинство ќе треба да го изгласаат” рече Миле Бошњаковски.

Тој додаде дека за нив, мислењето на Антикорупциска нема да влијае на целата процедура, која ќе започне на следната владина седница.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски