Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Ѓорѓи Сламков, посветен на имплементацијата на мерките од Планот 3-6-9, а кои се во надлежност на Комисијата.
На состанокот, Вицепремиерот Османи посочи дека покрај Владата, владините институции, Собранието итн., потребно е и останатите институции, кои се политички независни во својата работење и одлучување, да се посветат на реформите предвидени во Планот 3-6-9. „Процесот на евроинтеграции има наднационален приоритет и е од интерес за сите граѓани на Република Македонија. Во таа смисла потребано е сите институции чија обврска се интересите на граѓаните да се посветат на реформите кои се во насока на приближување кон европските правила“ – истакна Османи на средбата.
Во продолжение Османи го претстави ставот на Владата дека треба да се спроведат длабински и детални реформи, секаде каде што тоа е неопходно, не само заради самите реформи и не само заради ЕУ, туку заради нас и нашите граѓани кои тоа го бараат од нас. При тоа Владата, во име на сите државни институции, се обврза да ги земе во предвид сите препораки добиени од нашите меѓународни партнери – истакна Османи на состанокот.
Комисијата даде поддршка за реализација на предвидените мерки во Планот кои се во нејзина надлежност имајќи предвид дека истите се во насока на обезбедување поголема транспарентност на државните институции, но и олеснување на слободниот пристап до информации од јавен карактер за сите заинтересирани страни.