Во Скопје вчера седум сообраќајки, еден пешак загинат

Од:

Седум сообраќајни незгоди, загинат пешак и тешко повреден велосипедист, е билансот од вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Како што соопшти СВР Скопје, незгодата во која загина пешак се случила во 08:30 часот на ул.„Антоние Грубишиќ“, кога товарно моторно возило марка Ивеко со скопски регистарски таблички, управувано од жител на Скопје, се движело наназад. Како последица од незгодата и од здобиените повреди, жената им подлегнала на повредите на самото место.

Во текот на изминатото деноноќие, во две од седумте сообраќајки полесни повреди здобиле две лица. Останатите се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција евидентирала и поголем број на прекршоци. Четворица возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено, десет биле без дозвола, а 27 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со „пајак“ отстранети се 54 возила.

Одделението за превенција вчера реализирало посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствувале граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Распеана Младост“ во општина „Карпош“, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ