Од засеаните 795 хектари пченица, јачмен, рж, овес и тритикале во Делчево и Македонска Каменица, добиени се 1.400 тони род.
Според раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Илчо Каранфиловски, жетвата е реализирана во целост, а приносите се задоволителни.
– Пченицата оваа година беше посеана на 280 хектари. Просечниот принос е 2.000 килограми, а вкупниот 560 тони. На површините со јачмен, 350 хектари, просечниот принос изнесува 2.000 килограми по единица површина, додека вкупниот 700 тони. Посевите со рж годинава се на 35 хектари. Просечниот принос достигна 1.800 килограми, а вкупниот 63 тони, информира Каранфиловски.
Тритикалето беше посеано на 55 хектари, се доби просечен принос 1.900 килограми и вкупен 66 тони. Овесот е посеан на 75 хектари, а просечниот принос е 1.500 килограми, додека вкупниот 22 тона.
Како што рече Каранфиловски, во тек е поднесувањето барања за субвенции чиј краен рок е 15 септември. Тој апелира земјоделците навреме да аплицираат за поддршката од државата, да не го чекаат последниот ден.
Досега барања за субвенции во Делчево и Македонска Каменица поднеле 800 земјоделци.