Центар: Општината не е надлежна за издавање на дозволи за дотурот на роба

Од:

Општина Центар изразува жалење за инцидентот кој се случил утринава во Дебар Маало, во кое загина жена удрена од комбе кое вршело дотур на роба.

Сепак, соопштуваат од Општина Центар, чуствуваме потреба да реагираме на дел од објавите во медиумите кои како индиректен виновник за овој несреќен настан ја посочуваат Општината.

Општина Центар не е надлежна за издавање на дозволи за дотурот на роба во угостистителските објекти, ниту пак за контрола дали тој се врши согласно прописите и дозволите. Општина Центар стои на располагање за соработка со надлежните институции и поддршка за надминување на проблемот со неконтролираниот дотур кој предизвикува сообраќајни проблеми, особено во тесните улички низ Дебар Маало.

Сепак, злоупотребувањето на овој несреќен случај, за кој се’ уште не се познати прецизно околностите во кои се случил, го сметаме за тенденциозен и крајно неодговорен чин

Според Одлуката за комунален ред во градот Скопје донесена на 07/08/2014, надлежен за Утовар и истовар (дотур) на роба надлежен е град Скопје. Еве што стои во одлуката:

Член 69
(1) Утовар и истовар (дотур) на роба и материјал до продажниот или магацин-скиот деловен простор, по правило, мора да се врши вон од јавните површини.
(2) По исклучок, поради недостаток на простор или приод, утовар и истовар на роба и материјал може привремено да се изврши на јавна површина.
(3) Во случај утоварот и истоварот на роба и материјал да се врши на јавна површина, робата, односно материјалот мора да се наредат така да не пречат на сообраќајот на возилата и на пешачкото движење и да се отстранат најдоцна во рок од 30 минути по истоварот.
(4) Работите од ставот (1) на овој член може да се вршат само по претходно добиено одобрение од градоначалникот на Град Скопје.

Во член 10 од Законот за град Скопје во член 10 се набележани надлежностите на градот. Меѓу другото стои дека градот е надлежен за утврдување услови и режим на сообраќајот на подрачјето на градот Скопје.

Во истиот закон, како надлежност на општините во град Скопје утврдувањето услови и режим на сообраќајот не е пропишано како нивна надлежност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето