Заврши дебатата за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Продолжението ќе биде дополнително закажано.
Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски кажа дека ќе ја напуштат седницата бидејќи според ставот на Антикорупциска комисија Зврлевски не може да биде разрешен.
Претседателот на Собранието Талат Џафери одговори дека Антикорупциска нелегално дала толкување бидејќи тој како претседател тоа не го побарал, и не може институција која ја избрало Собранието да врши контрола врз неговото работење.