На двата меѓународи аеродроми на Крит, Ираклион и Чанија, уапсени се 24 странски државјани кои се обиделе да отпатуваат со лажни документи.
Странските државјани, на возраст од 16 до 49 години, биле од Сирија, Ирак, Палестина, Иран, Мали и Судан.
Тие поседувале лажни документи наводно издадени од властите во Франција, Романија, Италија, Бугарија, Шпанија, Хрватска, Судан и Грција.
Илегалните патници, кои ќе бидат изведени пред обвинители во Ираклио и Чанија, се обиделе да отпатуваат во Германија, Белгија, Италија, Швајцарија и Холандија.