„Гласот на Америка“: САД и нуди современи беспилотни летала на Јужна Кореја

Од:

Администрацијата на Барак Обама официјално даде предлог за продажба на современи шпионски авиони на Јужна Кореја, со цел да се зголемат можностите на властите во Сеул да се заштитат од силно милитаризираната Северна Кореја, соопшти радиото „Гласот на Америка“.

Агенцијата за интеракција во областа на безбедноста на САД нагласи дека официјално го информирала Конгресот за предложената зделка во вредност од 1,2 милијарда долари за продажбата на четири далечински управувани авиони „Глобал Хоук“, што исто така вклучува обука и логистичка помош.

Според аналитичарите, постои голема веројатност конгресот да ја одобри оваа продажба.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија