Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе денеска во Парламентот повторно е избран за нов претседател на јапонската Влада.
Абе ја добил поддршката на 328 од вкупно 478 пратеници. Тој е шестиот јапонски премиер избран во период од шест и пол години, а истата функција ја вршел во периодот од 2006 до 2007 година.
Абе ја предводеше конзервативната Либерално-демократска партија во победа на избори на 16 декември, откако три години минаа во опозиција.
Владата на јапонскиот премиер Јошико Нода поднесе оставка за да овозможи Парламентот формално да го постави конзервативецот Шинзо Абе за нов јапонски лидер.
Владин портпарол изјави дека Владата поднела оставка денеска на посебна седница.