Во Скопје вчера 13 сообраќајки, потешко повреден пешак

Од:

Пешак се здобил со тешки повреди, а уште шест лица се полесно повредени во шест од вкупно 13 сообраќајни незгоди што се случиле вчера во Скопје. Во седум сообраќајки регистрирана е само материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од сообраќајната полиција откриени и санкционирани се и поголем број прекршоци меѓу кои 20 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи не ги почитувале правилата за престигнување, двајца не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафорот, а 14 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Биле регистрирани 50 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафорот за пешаци.

Исто така, санкционирани се и шест возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „Пајак“, отстранети се 56 возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето