Владата на јапонскиот премиер Јошико Нода поднесе оставка за да овозможи парламентот формално да го постави конзервативецот Шинзо Абе за нов јапонски лидер.
Владин портпарол изјави дека Владата поднела оставка на посебна седница денеска.
Абе ја предводеше конзервативната Либерално-демократска партија во победа на избори на 16 декември, откако три години минаа во опозиција. Абе се очекува денеска да биде именуван за претседател на владата.