Гувернерот на Гуам, Еди Калво изјави дека му е благодарен на американскиот претседател Доналд Трамп на цврстиот став, што го изразил кон Пјонгјанг и заканите на Северна Кореја, додавајќи дека „понекогаш заканите може да се спречат со удар по нос“.
– Секој, кој пораснал во дворот на основното училиште знае што е заплашување. Ким Џонг-ун заплашува со многу моќно оружје, а на заплашувањето морате силно да му се спротивставите, рече Калво.
Според него Трамп е неправедно критикуван по повод неговиот однос кон севернокорејската криза, а која ескалираше кога Пјонгјанг објави дека планира да лансира ракета кон Гуам како предупредување.
Истовремено тој ги отфрли критиките за ТХААД системот, кој е распореден во Гуам и додаде дека системот е способен да уништи ракети со среден дострел во финална фаза на летот.