Тројца македонски уметници учествуваат на ликовната колонија „Палета“ во Белград

Од:

Тројца македонски уметници учествуваат на Меѓународната ликовна колонија „Палета“ во Белград, која беше отворена на 10-ти и ќе трае до 16 август.

На колонијата, која ја организира средното железничко училиште во Белград, учествуваат Зоран Јакимовски, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, и уметниците Касиопеја Наумоска и Јана Куновска.

Покрај нив, оваа година учествуваат и уметници од Унгарија, Црна Гора и Србија. Тие творат ликовни дела во две техники – акрил и масло, а темите се по нивни избор и на мотиви од нивните творештва.

Делата што авторите ќе ги создадат на еднонеделната ликовна колонија ќе бидат претставени на завршна изложба, како и во специјално подготвен каталог.

Би можело да ве интересира

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Властите во Белград планираат да ги отстапат автобусите Соларис на Скопје

А1он