Иран планира поморски вежби во меѓународните води во близина на стратешкиот ормудски теснец, преку кој поминува една петтина од нафтата во светот.
Шефот на иранската морнарица, адмирал Хабиболах Сајари изјави за агенцијата ИРНА дека маневрите ќе започнат во петок, ќе се движат кон северниот дел на Индискиот Океан на површина од околу еден милион квадратни километри.
Тој додаде дека Иран ќе испали ракети и ќе распореди бродови и подморници за време на шестдневните вежби.
Иран претходно се закани дека ќе го затвори теснецот поради санкциите на Западот околу неговата нуклеарна програма.
Целта на воените вежби на Иран е тестирање и надградба на воената опрема, но исто така и зајакнување на воените позиции во регионот.