Втора едночасовна пауза во Собранието

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва вторпат прогласи едночасовна пауза на седницата на која се расправа за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, а на барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиески.

Откако по истекот на претходната пауза продолжи седницата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веднаш побараа пауза од еден час, но Џафери даде 10 минутна пауза. По неа тој го повика собраниското обезбедување како реакција на тоа што, како што објасни, пратеник му ја земал картицата.

На распоредувањето на обезбедувањето зад говорницата реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, барајќи тоа да биде повлечено. Во меѓувреме Џафери ја повикуваше пратеничката Павлинче Честојнова која беше на ред за реплика да земе збор. Нејзините сопартијци рекоа дека тоа не може да се случи во присуство на обезбедување. Потоа обезбедувањето беше повлечено, а пратениците се вратија на место.

Следеше излагањето на Честојнова, по што расправата продолжи со процедурални реакции на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Собранието околу тоа кој го крши собранискиот Деловник.

Според најавата од Џафери, расправата ќе продолжи во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он