Во Гевгелија на лицитација продадени шет градежни парцели за станбени објекти

Од:

На електронска аукција општина Гевгелија за помалку од половина час ги продаде сите шест понудени градежни парцели за станбени објекти лоцирани во населбите Караорман, Моински пат и Мрзенски рид.

– За рекордно брзо време ги продадовме објавените парцели за кои интерес имаше од 24 понудувачи,информираа денеска надлежните од Секторот за урбанизам со појаснување дека најевтино, по 71 денар за метар квадратен, се продадени две парцели, а најскапо е продадена една парцела по цена од 1.577 денари за метар квадратен.

Големиот интерес од последната аукција беше причина општина Гевгелија денеска да објави продажба на уште осум градежни парцели во споменатите населби од кои седум ќе бидат наменети за станбени куќи, а една за објект од лесна незагадувачка индустрија.

Почетната цена за сите парцели изнесува 61 денар за меетар квадратен. Најмалата парцела за станбена куќа има 304 метри квадратни, а најголемата 1.120 квадрати и се наоѓа на Мрзенски рид каде се градат куќи со посебен режим.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија