Рестрикции на водата за пиење започна да спроведува Јавното комунално претпријатие „Бошава” од Демир Капија.
Како што информираа денеска од претпријатието, на ваков чекор се одлучиле поради зголемена потрошувачката на вода како последица на сушниот период што трае подолго време. Рестрикциите на вода ќе важат за одредени периоди во одредени денови.
– Денеска и во сабота од 17 до 20 часот ќе немаат вода за пиење улиците „Партизанска” и „Орце Николов“, кои се приклучени на новиот водовод. Утре и во недела во истиот термин, вода за пиење ќе нема населбата „11 ти Октомври”, појаснија од „Бошава”.