Со петте натпревари кои се играа синоќа во рамките од 3. коло, комплетирана е првата фаза од претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое следната 2018 година ќе се одржи во Кина.
За нас секако најзначаен беше дуелот во Талин, каде селекцијата на Естонија го победи Косово со 76-50 во рамките од Ц групата, во која настапува и македонската репрезентација, која во сабота во Скопје ќе игра против Косово. На табела лидер е Естонија со 4 бодови, пред Косово кој сега има 3, а Македонија има 2 бода.
На натпреварите од другите групи беа постигнати следниве резултати:
А група: Словачка – Шведска 68-59 и Босна и Херцеговина – Ерменија 98-85.
Табела: БиХ 5 бодови, Ерменија 5, Шведска 4, Словачка 4.
Б група: Холандија – Албанија 91-77.
Табела: Холандија 4, Австрија 3, Албанија 2.
Д група: Белорусија – Португалија 78-75
Табела: Бугарија 4, Белорусија 3, Португалија 2.
Натпреварите од 4.коло на програмата се в сабота.