А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собраниската расправа за разрешување на Зврлевски прекината по третпат, продолжува попладне

by А1он09/08/2017 - 14:4893
Share0

Собраниската расправа за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе продолжи во попладневниот дел, откако претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина по третпат.

Добивај вести на вибер

Досегашниот дел од денешната собраниска седница ја одбележаа неколку прекини и спорење околу легитимноста на расправата за разрешувањето на Зврлевски кога веќе се закажани локални избори.

Седницата е предвидено да продолжи во 15:30 часот.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во продолженито по втората пауза во процедурална забелешка апелираше за избегнување тензични моменти во Собранието и побара сите заедно да апелираат Државната комисија за антикорупција побрзо да се произнесе.

– Да продолжиме со некои други точки. Има закони кои се однесуваат позитивно за граѓаните предложени и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Можете да закажете итна седница за пожарите и за договорот со Бугарија, изјави Димовски.

Џафери рече дека не може да прави преседан работата на Собранието да зависи од нечии мислења и во тој контекст посочи дека нема пречка да работи додека не се добие мислење.

Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ако се продолжи со расправата се дерогира Собранието и посочи дека треба да се разговара и прифати предлогот на пратеникот Артан Груби за тоа новиот јавен обвинител да биде избран со 2/3 мнозинство.

Собранискиот спикер на самиот почеток на денешното продолжение на шестата седница на Собранието даде пауза откако претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ присутни во салата застанаа пред говорницата.

Во продолжението по првата пауза собранискиот спикер Џафери цитираше делови од Деловникот со цел да укаже на тоа на кој начин треба да се санкционираат процедурите за одржување на редот во Собранието на РМ и каква е улогата на Претседателот на Собранието во тој поглед.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка посочи дека тој не ја узурпира говорницата и со ниту еден негов потег не го нарушил работењето на Собранието и побара да не се крши изборниот законик и да не се толкува произволно изборниот законик кој што е донесен со консензус.

На дневниот ред на денешната седница на Собранието е расправата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски. На почетокот пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека барањето за разрешување на Зврлевски е незаконско и спротивно на Деловникот и повторно побара оваа точка да се симне од дневниот ред додека не се изјасни Комисијата за антикорупција.

Како што се наведува во образложението, Владата предлага Собранието да го разреши Јавниот обвинител поради незаконско, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Во документот стои и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и дека го нарушува нејзиниот углед.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен