Министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка денеска нареди голема операција за контрола на државната граница и на пограничните региони, со цел запирање на илегалната миграција.
Планирани се проверки на границата со Унгарија, Словачка, Словенија и Италија, а ќе бидат засилени контролите и на транзитните паркинзи, камионите и товарните возови.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи при проверка на документи на границата во последните денови биле откриени голем број илегални мигранти.
Голем дел од нив се обидувале да влезат во Австрија преку нелегални гранични премини.