Кошаркарската федерација на Косово е казнета со 1.000 евра поради исвиркувањето на македонската химна пред почетокот на натпреварот од претквалификациите одигран во Приштина на 2 август.
Паричната казна ја одреди ФИБА.
Натпреварот во Приштина се играше пред полни трибини, а покрај свирежите имаше и непримерно однесување на домашните навивачи. Дуелот заврши со победа на Косово од 72:68.
Во сабота Македонија ќе биде домаќин во реваншот од претквалификациите за Светското првенство на селекцијата на Косово.