Информацијата за пожарите и топлотниот бран на владина седница

Од:

Владата денеска ќе ја одржи 22-та седница на која ќе бидат разгледани информацијата на Центарот за управување со кризи, за активностите поврзани со кризната состојба на дел од територијата на Република Македонија, за период од кога е донесена мерката до денеска, како и информацијата на Министерството за здравство по однос на препораките од Комисијата за превенирање на последиците од топлотни бранови.

Како што информираат од владината прес-служба, членовите на Владата на денешната седница ќе ги разгледаат и извештаите за работата на Судскиот буџетски совет и за реализацијата на судскиот буџет за 2016 година, како и годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2016 година, на предлог на Министерството за финансии.

Како предлог на Министерството за економија, на денешната седница на Владата ќе се најде и информацијата во врска со формирањето работни групи за подготовка на нацрт-текст на нов закон за енергетика.

На денешната седница ќе бидат разгледани и некои кадровски прашања, како и повеќе други информации од интерес на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези