Инженерот на Гугл, кој објави блогот каде оцени дека „послабото присуство на жените во тенолошките области е предизвикано од биолошки фактори“, доби отказ, јавија американските медиуми.
Агенцијата „Блумберг њуз“ пренесува дека инженерот е идентификуван како Џејмс Дејмор, кој потврди дека добил отказ, додека компанијата Гугл ништо не коментира.
Дејмор во интерната нота наведе дека изборот на занимање и можностите за мажи и жени се различни, „особено од билошки причини и дека тоа објаснува зошто мажите и жените не се подеднакво застапени во технологијата и лидерството“.
Таа изјава предизвика негодување кај Данијел Браун, потпретседателка на Гугл, задолжена за разноликост.