Водостопанство „Брегалница“ Кочани бара рационално да се користи водата од хидросистемот

Од:

Водостопанство на Македонија подружница Кочани апелира рационално да се користи водата за наводнување од хидросистемот „Брегалница“ во екот на сезоната за наводнување на полињата.

Според раководителот на подружницата „Брегалница“ Николчо Гоцев, поради високите температури има зголемена потрошувачка, но и одделни водокорисници и понатаму продолжуваат со несовесниот однос кон користењето на водата, за што се започна со поднесување на пријави за да се спречи злоупотребата на водата од системот.

– Од направениот увид на терен на повеќе места има злоупотреба на водата до тој степен што несовесни земјоделци вршат наводнување и на стрништа, односно ниви кои се веќе ожнеани за да можат полесно да ги ораат. Сето тоа е евидентирано од наша страна и веќе имаме поднесено и пријави. Треба да разбереме дека оваа вода е за сите земјоделци не е само за поединци и не треба да бидеме себични, изјави Гоцев.

Прецизира дека во моментов десниот магистрален канал е во целосна функција со максимален капацитет и по него секојдневно се испорачува 11,5 метри кубни вода во секунда.

– Вода по десниот магистрален канал пуштаме со максимален капацитет и тече до крајниот потрошувач, но со проблеми. Во ноќните часови несовесните корисниси самоволно ги уништуваат вратите од каналскиот систем и испуштаат големи количини на вода и затоа со полиција вршевме обиколка да ги фатиме. Ако навреме не се преземе нешто ќе имаме големи потешкотии, посочи Гоцев.

Засега, додаде, проблемите се мали, но ако се продолжи со ова темпо на злоупотреба и ненаменско користење на водата, како и со присуството на високите температури, неизбежни ќе бидат големите проблеми околу наводнувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема експлозија во продавница за пиротехника, најмалку осум лица загинаа, а има и повредени

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Пред најавената воена вежба на Русија, Кина и Иран, предупредување од САД да не се приближуваат до американските бродови

Стармер: Лондон цврсто го поддржува принципот „една Кина“

Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Телеграф открива: Со години Кинезите ја прислушувале британската влада