Повторно еден час пауза во Собранието

Од:

По барање на пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, во Собранието на Република Македонија повторно е даден еден час пауза. За тоа време, рече Илиоски, до координаторите на пратеничките групи ќе биде доставен допис подготвен и потпишан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за толкување на Деловникот од страна на Антикорупциската комисија.

– Додека Антикорупциска го разгледува дописот, предлагаме Собранието во наредните два – три дена, да свика итни седници за Договорот со Бугарија, пожарите и други актуелни теми што ги интересираат и засегаат граѓаните, истакна Илиоски.

Тој претходно го цитираше член 8а од Изборниот зконик според кој, како што напомена, од распишување до завршување избори не може да се почне постапка за вработување или престанок на работен однос, алудирајќи на разрешувањето на јавниот обвинител Зврлевски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, пак, пред Илиоски да побара пауза, им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека е залудно постојано да бараат одложување на расправата. – Бескорисно купувате денови за одложување, зашто правдата ќе дојде, рече Тунтев.

Претседателот на Собранието ги предупреди пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дозволи барањата паузи да одат во бескрај.

– Може да продолжите да барате пауза колку што сакате, тоа немам намера да го спречам. Граѓаните кои не следат ќе проценат и ќе одлучат на 15 октомври. Нема никаков проблем да настојувате да барате паузи. Ќе ви давам пауза на секој саат, но до бескрај така нема да оди. Ќе се оди по Деловник, ќе го спроведам само Деловникот, истакна Џафери.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител