Надал: Не заборавив да играм тенис

Од:

Иако нема играно од Вимблдон, шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека многу брзо ќе им се приклучи на Ѓоковиќ, Федерер и Мареј.

„Не заборавив како се игра. Веќе две години поминав надвор од теренот, а имам одиграно повеќе од 600 АТП натпревари. Се чувствувам добро, го освоив Ролан Гарос и таа емоција е се уште во мене“, рече Надал.

„Турнирот во УАЕ е тест, мојата цел не е тој дурнир но не се ниту Доха, ниту Австралијан Опен. Мојата цел е повторно да бидам подготвен и да го вратам чувството. Коленото е единствено што ми е важно сега. Нема да придавам многу на значење на тоа што ќе се случи во наредните месец, два.

– Сакам и Индијан Велс и Мајами, а потоа и сезоната на земја, да ги дочекам во добра состојба“, изјави освојувачот на 11 Грен слем титули.

Надал е свесен дека коленото нема да му биде во најдобра состојба во Абу Даби и вели:

„Сепак се чувствувам подобро, докторите велат дека е во ред и тоа се добри вести. Се што се случи го прифатив нормално, како дел од кариерата. Тоа е само уште еден предизвик“.

 

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех