Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за здравство, за култура, за труд и социјална политика и за прашања на изборите и именувањата.

Пред Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка во второ читање, поднесен од група пратеници, додека пред Комисијата за култура Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за културата по скратена постапка, исто така во второ читање.

Комисијата за труд организира јавна расправа за Предлог-нацрт на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и Предлог-нацртот на Националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година.

Членовите на Комисијата за избори и именувања, пак, ќе утврдуваат одлуки за резрешување на заменик-генералниот секретар на Собарнието на Република Македонија, за основање пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави, за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции