Без струја утре дел од Карпош и Центар

Од:

Без електрична енергија утре од 9 до 12 часот ќе бидат потрошувачите од улиците „Шумадска“, „Златко Шнајдер“, „Киро Крстевски Платник“ и „Рајко Жинзифов“ во општина Центар.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека од 9 до 12:30 часот без струја ќе останат дел и од улиците „Георги Димитров“ и „Вера Јоциќ“ во општина Карпош.

Од 10 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат дел од улиците „Јан Хус“ 2, „Леринска“, „Мексичка“ и дел од улицата „Хелсинки“, како и улиците „Адолф Циборовски бр. 1а“, „Адолф Циборовски бр. 3б“, „КАМ маркет“, „Адолф Циборовски бр. 1б“ и улицата „Адолф Циборовски бр. 3а“.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство