Апелација: Прислушуваните материјали можат да се користат како доказ во постапката за настаните пред Општина Центар

Од:

Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство на решението на Основниот суд Скопје 1 за предметот поврзан со настаните во Општина Центар во јуни 2013 година и донесе одлука дека доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка.

– Апелацискиот суд Скопје на 04.08.2017 година донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје и го укина решението донесено од Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое од списите на предметот се издвоени снимените материјали предложени како доказ за предметот поврзан со настаните во Општина Центар.

Со оваа одлука доказите прибавени од прислушкуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Апелација ги зголеми казните на 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба

А1он

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он