Бошњаковски: Кадровските промени ќе бидат соопштени по проверката на документацијата

Од:

Имињата на лицата за предвидените кадровски промени во институциите, надзорните и управните одбори не можат да бидат јавни се додека владината Комисија за кадровски прашања не ја провери нивната документација и не утврди дека ги исполнуваат потребните услови, рече денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Бошњаковски информира дека Владата на вчерашната седница ги усвои сите кадровски предлози и заклучи да именува членови на управни и надзорни одбори во установи, агенции и други органи кои се во нејзина надлежност.

– Комисијата за кадровските прашања на Владата за секое од овие лица поединечно ја проверува содржината на поднесената документација за да потврди дали се исполнуваат условите за именување. Соодветно на фактите, кога тоа ќе биде проверено, решенијата ќе бидат доставени до Службен весник, истакна портпаролот.

Според него, имињата ќе бидат соопштени во истиот момент кога таа работа ќе биде завршена, а се очекува во скоро време.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски