Програмерот што го блокира вирусот „Вонакрај“ уапсен во САД

Од:

Британскиот експерт за кибер безбедност Маркус Хачинс, кој успеа да го запре ширењето на вирусот „Вонакрај“, е упасен вчера во Лас Вегас.

Како што јави ТАСС, Хачинс, кој е познат под прекарот „Малвертек“, бил уапсен додека присуствувал на меѓународната средба на хакери „Деф Кон“.

Американското Министерство за правда соопшти дека Хачинс е упасен под обвинение дека заедно со соучесници ја изработил хакерската програма „Кронос“, чија цел е онлајн кражби од банкарски сметки. Цел на нападите на „Кронос“ биле банкарските системи на Велика Британија, Германија, Канада, Полска и Франција.

Според властите на САД, 22-годишниот Хачинс ја ширел програмата „Кронос“ во илегалниот дел на интернетот, познат како „црн интернет“.

Апсењето на Хачинс следи неполни три месеци откако во мај успеа да го спречи вирусот „Вонакрај“, кој инфицира околу 300.000 компјутери во над 150 земји од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија